Објавено на:

(Видео) Ленин Јовановски им се заканувал и ги лажел превозниците дека ќе ги оставел на улица

t

Ленин Јовановски им се заканувал на приватните превозници дека не смеат сами да преговараат и да потпишуваат договори со Градот Скопје, инаку ќе останат на улица, изјави денеска на прес-конференција претставник на приватните превозници.

На прашање на Инфомакс дали и понатаму ќе комуницираат со луѓето кои, како што велат тие, ги манипулирале превозниците, тие одговорија:

– Тие се веќе остстранети, тие се веќе историја за нас. Цело време нè лажеа, ни се закануваа дека ако сами преговараме ќе останеме на улица, а буквално тие нè оставија на улица. Со едно барање до Градот, градоначалничката веднаш прифати и веднаш многу чесно разговараше, направи се за граѓаните, изјави превозникот.

Денеска приватните превозници соопптија дека постигнат е договор со Градот Скопје и веќе во следните неколку денови ќе биде распишан јавен повик на кој ќе се пријават сите превозници кои работеле и досега, но без посредници. Условите ќе бидат исти, а Градот Скопје ќе им обезбеди субвенции за обновување на возниот парк за да бидат задоволени еколошките стандарди и да се заштити животната средина, но и за подобра услуга за граѓаните.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…

Невреме со дожд и град го зафати…

Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…