(Видео) Ленин Јовановски ги манипулирал и ги лажел превозниците за наводен долг

t

Градот Скопје нема никаков долг кон приватните превозници, истакнаа превозниците на денешната прес-конференција на која соопштија дека е постигнат договор со Градот Скопје и превозниците ќе продолжат да работат.

Претставникот на превозниците, Јовица Зафировски, посочи дека превозниците досега биле манипулирани од нивните претставници, односно од Ленин Јовановски, дека имало долг од Градот.

– Имаме одлична соработка со градоначалничката Арсовска, таа ни помогна, претходно бевме заглавени но со само два состанока со неа ги решивме проблемите. Ние досега не можевме да се договориме со Градот Скопје затоа што не ни беше дозволено. Не можевме никако да пристапиме, не ни беа изнесувани вистинските работи, сега конечно имаме јасна слика, можам да кажам дека бевме и манипулирани, не ја имавме правата слика што се случуваше со нас и со јавниотпревоз.

Градот Скопје нема никаков долг, заостанатите средства ќе бидат исплатени во наредните недели од ЈСП, истакна Зафировски.

Превозниците нагласија дека враќањето на работа е голема среќа и за нив и нивните семејства, но и за граѓаните на Градот Скопје кои повторно ќе имаат целосен јавен превоз.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…

Невреме со дожд и град го зафати…

Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…