Добро утро со Инфомакс: Слобода сакаме, без протекторати!
Никола Јонков Вапцаров е македонски поет, есеист, новинар и револуционер и еден од основачите на Македонскиот литературен кружок во Софија (1938-1941). Роден е на 7 декември 1909 година во Банско, во Пиринска Македонија, каде го минал и детството.
Вапцаров учи гимназија во Разлог, Пиринска Македонија, но поради тешката материјална состојба го прекинува образованието и потоа завршува воено поморско- машинско училиште во Варна. Поради условите во кои живеел, Вапцаров се школувал, а подоцна и пишувал на туѓ јазик, но никогаш нема да заборави дека е Македонец.
Првата своја песна „Кон светлите идеали“ ја објавува во весникот „Борба“ во 1926 год. Наредните две години своите творби ги објавува објавува во списанието „Родина“.
Во 1940 година Вапцаров ја издава својата единствена стихозбирка „Моторни песни“.
Добро утро Македонци, денеска ви издвојуваме една песна токму од оваа стихозбирка. Уживајте во “Илинденска”:
Илинденска
Вината не беше наша
таа кај друг се крие,
и туѓи прсти тогаш
стотонска вина сторија!
Но, штом ќе дојде ден
и штом ќе треба, ние
за сè ќе ѝ раскажеме
на мајката историјата.
Започнаа со раце гнасни
на народот во душа да му џбараат,
но, гневот беше толку нараснат,
та, не се сфати волчката им нарав
и музките на ѕверови во овчи кожи,
престапничко и плитко лицемерење.
Но, идат дни, а тогаш и ќе може
со грски кал по сурат да ги пернеме.
Се почна бунтот.
И не беше обичај
да изостанеме.-
Не се предадовме!
Туку,
со крвта
на народот обичен
во Илинден наша
содржина кладовме!
Што ли ќе речете за таа новост?
Ќе барате ли тука руски рубли?
В Крушево уште феудалот гнетеше
и колкав скок?-
Изградија република!
А беа исто млади колку нас,
сè такви, какви што сме ние.
Се бореа,
умираа без глас,
како што утре
ќе умреме
и ние.
Многумина ги нема, но, не липам јас, чу ли?
Ќе дојдат други, среде дим и жареж.
Глеј в овој тука! Знај: тој е Питу Гули,
а ти? Ти секако си Карев…
И ако требаат пароли – в ред!
До месецот ќе кренеме плакати.
Слободна сакаме,
и без,
и без протекторати…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски објави факти за Царот Самоил: Не…
Не постои запис кој ќе потврди како…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…