„САКАМ ДА РАБОТАМ“ до „АНТИКОЦКАЊЕ“: Додека не одговорите, за нас ќе бидете „ГРУПА ЗА КОЦКАЊЕ НА ЦРНО“!
Реакција на Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ на ставовите изнесени од неформалното движење „Антикоцкање“ од Тетово.
Реакцијата ја пренесуваме во целост:
Нам ни е јасно зошто наводното движење „Антикоцкање“ се служи со приземен речник и навреди, кои во суштина говорат за нив самите и нивниот кредибилитет. Денес, се дрзнаа да шират целосно невистинити информации и со дрски манипулации се обидуваат да ја стават јавноста во заблуда. Уште повеќе, влегуваат во конфликт со амбасадор на земја членка на Европската Унија. Нервозни се затоа што се разобличени и јавноста почнува да сфаќа дека некој нив ги злоупотребува, ги користи како пиони за да си ги оствари своите бизнис интереси.
Денес да констатираме и да се потсетиме дека наводното движење „Антикоцкање“ не одговори на следните прашања: Дали и колку финансиски средства примиле во готово? По чиј налог се обидуваат да манипулираат со родителите на учениците? Колку чини и кој ги покрива трошоците за дизајнот и изработката на претходните пропагандни материјали и оние кои деновиве ги пласираат на социјалните мрежи? Чии бизнис интереси се кријат зад нивните активности? Дали одработуваат да се затвори легален бизнис за некој да печали од интернет игри на среќа и играчници на црно, без контрола од државата? Дали така учениците ќе бидат во поголем или помал ризик? Кој ќе понесе одговорност за штетата што ќе следи? Зошто сакаат да остават 10 илјади луѓе без своите работни места?
Затоа еве им нови прашања на кои на јавноста и должат одговори. Зошто Албанија се откажа од забраната на игрите на среќа? Дали е точно дека за време на четири годишната забрана во Албанија како печурки никнале нелегални играчници? Ја слушнале ли изјавата на албанскиот премиер Еди Рама на оваа тема? Колку жители на Косово играат игри на среќа во Тетово? Каде според нив припаѓа Македонија, во друштво на западните цивилизации и ЕУ или нечие друго друштво?
Се додека не и одговорите на јавноста за нас наместо движење „Антикоцкање“ ќе бидете група „ЗА коцкање на црно“!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лажен полицаец година и пол работел на…
Сериозни пропусти во работата на полицијата се…
Братот на зетот на Трамп за 12…
Лос Анџелес лејкерс наскоро ќе добијат нов…
Тајните служби во Германија добија поголеми овластувања…
Како одговор на растечката закана од сили…
Каролин Левит ќе ја напушти функцијата портпаролка…
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, која…
Украина годинава ослободила 745 квадратни километри окупирана…
Украинскaта војска во текот на оваа година…