Ние кубурот го чуваме за секој случај: Затоа Грците ќе имаат држава
Затоа Грците ќе имаат држава…
Илјадници граѓани излегоа на протести во Грција поради железничката несреќа во која животот го загубија 42 лица.
Штрајкови најавуваат и синдикатите, а министерот за транспорт и врски си даде оставка.
Кај нас 50 луѓе загинаа во автобуска несреќа во автобус во кој до денес не знаеме што се превезувало, автобусот го возеле возачи кој не биле лиценцирани, а ја немалe ни потребната документација да поминат граница, никој не излезе
на улица.
Рочиштата за Дурмо Турс цело време се одложуваат, а во таа несреќа загинаа 16 лица, проблематичен е техничкиот преглед кој компанијата сама си го правела, под знак прашање беше доведена техничката исправност на автобусот и повторно немаше човек на улица.
Изгоре модуларната во Тетово и загинаа 14 луѓе, го обвинија кабелот и докторот на смена, никој не говори за материјалот од кој била изградена болницата со потпис на министерот, никој немаше на протести.
Епа браќа и сестри затоа ќе немаме функционална држава сите кои живееме во Македонија и Македонци и Албанци и Срби и Роми и Власи и сите останати.
Немаме држава затоа што сите молчиме. Денес немаме ни леб и пак молчиме, а кубурот ни е во појас за секој случај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
54-годишен маж ја нападнал сопствената мајка
На 24.08.2026 во 23:55 часот во радовишко…
ФЗО: Од утре лекот Myfortic без доплата
Пациентите со трансплантирани органи од утре ќе…
Тригодишно девојче тешко повредено во лифт во…
МВР информира дека синоќа во 20:00 часот…
ЕУ испраќа претставници во Кина за да…
Група претставници на ЕУ во наредните денови…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…