Објавено на:

ЕКС МИНИСТЕРОТ ГОРАН МИЛЕВСКИ ЗАМИНУВА ВО ЉУБЉАНА КАКО АМБАСАДОР: „Од Словенија има што да научиме“

t

Горан Милевски ќе замине како амбасадор во Словенија.

На седница на собраниската Комисија за надворешна политика денеска новоименуваниот амбасадор на земјава за Словенија, Милевски, ја претстави платформата за дипломатските активности што ќе ги има како вонреден и ополномоштен амбасадор. Милевски истакна дека Македонија со Република Словенија има исклучително добри билатерални политички односи и плодна и богата соработка на локално ниво, во областа на економијата, образованието, здравството, културата.

„Од Словенија има што да учиме бидејќи од 2004 е членка на ЕУ и на НАТО, а во 2007 година е дел од еврозоната како и од Шенген зоната. Патот што тие го изедоа може да биде наш патоказ како да станеме дел од ЕУ, но и да го подобриме стандардот на граѓаните. Словенија е и најголем лобист на Македонија и за членство во НАТО, но и за членство во ЕУ. Словенија е моторот кој што цел Западен Балкан го влече во ЕУ и нашиот најзначаен стратешки партнер таму“, рече Милевски.

Годинава ќе се одбележи јубилеј – 30 години од отворањето на Амбасадата на нашата земја во Љубљана, која е прва амбасада отворена во странство на 7 јуни 1993 година.
Милевски лани во септември си даде оставка од лични причини од министерското место во Министерството за локална самоуправа.

Кон крајот на декември веќе имаше најава дека Милевски ќе биде амбасадор на Македонија во Љубљана. Претходно амбасадорка во Словенија беше Сузана Зеленковска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марк Маркес против новиот Мото ГП формат:…

Мото ГП од 2027 година воведува нов…

Поголема безбедност за музеите и артефактите: Тошковски…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…

Почина Горан Баре, фронтменот на „Мајке“

Горан Баре, еден од најпознатите хрватски рок-музичари…

Краделе ореви и бадеми во Кавадаречко: Двајца…

Вчера во 13:30 часот во Кавадарци, полициски…

Албанија забрзува кон ЕУ: Уште едно поглавје…

Албанија на 13 октомври во Луксембург ќе…