(Видео) Арсовска: Целосно завршена изградбата на улицата “Христофер Жефаровиќ” во населбата Ченто во Гази Баба
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на Фејсбук сподели дека целосно е завршена изградбата на улицата “Христофер Жефаровиќ” во населбата Ченто во Гази Баба.
Покрај асфалтирањето на улицата направени се и 695 метри пешачки патеки на површина од 1.250 метри квадратни. Коловозната површина зафаќа 2.400 метри квадратни.
– Градот Скопје во континуитет ги реализира проектите од програмата избрана од граѓаните, која содржи клучни барања за подобрување на градската инфраструктура, напиша Арсовска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…