Објавено на:

Нацистот Џамбаски сонува за Санстефанска Бугарија: Ќе ја следиме идејата што и да нè чини

t

Санстефанска Бугарија е неостварениот и ќе остане засегогаш неостварен сон во главите на многу Бугари, а секако исклучок не е ниту европратеникот познат по неговите нацистички ставови, Ангел Џамбаски.

Тој по повод денот на потпишувањето на Санстефанскиот договор на Фејсбук објави статус во кој секако не пропушти да каже дека сонува за голема Бугарија и дека ќе прави сè за да го оствари тој сон.

– Колку и да и беа благодарни на Русија, овие луѓе (тогашните потписници Бугари) никогаш не сакаа Бугарија да ја имитира или да биде под нејзина власт. Сонуваа за европска, но суверена и силна Бугарија.
За ваква Бугарија денес сонуваме ние во ВМРО. Бугарија, во која ниту соросоидните секташи не туркаат кон културно самоубиство, ниту евроазискиот субверзивен елемент – кон предавање на идеите и визијата на нашите преродбеници. Визијата за европска, независна, силна и суверена Бугарија. Визијата на ѕвездата од Сан Стефано која ја исцртува вистинската траекторија. Ќе ја следиме. Што и да не чини. – напиша Џамбаски на Фејсбук.

Санстефанска Бугарија е држава која никогаш не се создала, останала парче хартија исцртано со Санстефанскиот мировен договор од 1878 година со кој Бугарија добивала автономија.

Таа требало да ги опфаќа териториите од Дунав долж новосоздадената српска граница и по западната граница преку Врање до Скопска Црна Гора. Оттаму границата преминувала по западните граници на Куманово, Кочани, до Кораб планина.

Потоа, границата се спушта на југ по Црн Дрим и потоа по западната граница на Охрид, Старово и Корча до планината Грамос. Понатаму, границата тргнува на исток преку Костурското Езеро, стигнувала до река Магленица и се спушта до Солунскиот Залив.

Границата го заобиколува Солун и преку езерото Бешик Ѓол излегува на Струмскиот Залив. Од Бурувиот Ѓол границата се извиткува на север кон Родопите до Чепеларе, каде завива на исток и се спушта по Арда, па минува преку Источна Тракија до Црно Море, оставајќи го Едрене во Османлиското Царство, а Лозенград, Лилебургас и Мало Трново во Бугарија. Границата го напушта морскиот брег при Мангалија и преку Добруџа излегува на Дунав при Расово.

Западните држави никогаш не профатиле создавање на ваква држава, поради што подоцна бил одржан Берлинскиот конгрес, кој го укинува Санстефанскиот договор.

Таква држава никогаш реално не постоела, но голем дел од Бугарите се уште мечтаат и да повротиме, тоа ќе остане само сон, најголемиот неостварен сон за Бугарите затоа што Македонија никогаш нема да биде бугарска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитров: Албанија нема да има ништо против…

Македонија го избра парадоксот на комбинирање на…

Не постои бугарска влада која повторно би…

„Не гледам како може повторно да репреговаран…

Шпанците живеат најдолго, Бугарите најкратко во ЕУ

Просечниот животен век во Шпанија е 84…

Радев: Наскоро ќе стане јасно дали Македонија…

Шефот на бугарската држава Румен Радев смета…

Македонски пејачи ќе пеат во Бугарија на…

Втора година по ред во бугарското село…