Бектеши пред американските бизнисмени: Енергетската транзиција и зелената енергија се наш приоритет
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Министерството за економија оствари работен состанок со претставници од американска бизнис заедница, кои се во посета на Македонија.
Главна тема на состанокот на кој присуствуваа и специјални претставници од Стејт Департментот беше зајакнување на соработката и реализација на инвестиции пред се во делот на енергетиката.
Бектеши го поздрави интересот на американските компании за инвестиции во Македонија и ги презентираше условите и можностите за реализација на инвестициски проекти во земјата, пред се во делот на зелена енергија и обновливи извори.
Бектеши информираше дека Македонија засилено работи на енергетска транзиција и диверзификација на изворите на снабдување со енергенси.
Земјата, како што кажа министерот Бектеши започна инвестиции во делот на инфраструктурата во енергетскиот сектор, а се реализираат големи инвестиции во обновлива енергија кои наскоро ќе доминират во производството на електрична енергија.
На состанокот присуствуваа претставници од Ексим банка, Иновацискиот фонд за енергетика на Безос, Сименс Енерџи, заменик претседател на американско централно европската бизнис асоцијација и други.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Злато за Македонија – Узеир е европски…
Македонија го освои првиот златен медал на…
Мицкоски: Повеќе од 6% раст во туризмот,…
Премиерот Христијан Мицкоски ги квалификува како прилично…
Повеќе од 30 членови на СДСМ од…
Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ…
Во Македонија 350 деца имаат дијабетес
Во Македонија има 135 илјади граѓани кои…
Министерството за спорт со поддршка за инклузивната…
Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо…