Објавено на:

Ѓоковиќ добива специјална дозвола за настап во САД?

t

Неизвесно е се уште дали Новак Ѓоковиќ ќе може да настапи на претстојните турнири во САД, Индијан Велс и Мајами кои се играат овој месец.

Засега во САД на сила е правилото дека невакцинирани лица против коронавирус не можат да влезат во земјата. Ова правило се укинува на 11-ти мај, меѓутоа Ѓоковиќ би можеле да го видиме на терените во САД.

Во медиумите се огласи директорот на турнирот во Мајами, Џејмс Блејк кој откри дека побарале специјална дозвола од властите за Ѓоковиќ да настапи затоа што во моментов не претставува никаква опасност.

„Правилата официјално се менуваат на 11-ти мај, но ние од амаериканската влада побаравме исклучок затоа што не гледаме опасност. Тие тој датум го поставија поради календарот, а турнирот не можеме да го организираме после 11-ти мај. Би сакале Ѓоковиќ да игра тука, истакнавме дека за сите би било убаво Ѓоковиќ да добие дозвола за настап“, изјави Џејмс Блејк, директор на турнирот.

Српскиот тенисер се наоѓа на листата учесници, но конечната одлука ќе ја донесе Владата.

„Ќе видиме што ќе се случи, за жал не одлучуваме ние. Сега е на листата, турнирот го освојуваше шест пати и би сакале да има прилика да игра за седми трофеј. Направивме се што можеме, ако на Ѓоковиќ му биде дозволено да игра на Индијан Велс, ќе бидеме спремни да го дочекаме и во Мајами“, јасен беше Блејк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комисијата не најде грешка во работењето на…

По направениот стручен надзор во болницата во…

Секоја чест за Супорт Кочани: Во Кочани…

„Супорт Кочани“ обезбеди донација од 4.070 силиконски…

ПОВТОРНО КАДАР НА ДУИ ИМЕНУВАН ЗА ЗАМЕНИК-ДИРЕКТОР…

ПОВТОРНО КАДАР НА ДУИ ИМЕНУВАН ЗА ЗАМЕНИК-ДИРЕКТОР…

Дали на светот му се заканува нафтена…

Воениот судир меѓу Иран и Израел доведе…

Нема веќе молк: Кочани на нозе, свирежи…

Улиците на Кочани беа сведоци на марш…