Урнебесно: Можи владиниот ПР да напрај и филм од шо беше премиерчето по леб, на излегвање од продавница гледа гладно дете…
Премиерот Ковачевски денеска беше во посета на маркет за да провери дали има еб и по која цена се продава истиот.
Јавноста сатирично реагира на ваквата посета, а Божидар Божиновски предлага владиниот ПР тим да сними и краток филм
– Можи владиниот пр да напрај и филм од шо беше премиерчето по леб. Ко пиксар нешто, нека работат.
На излегвање од продавница гледа гладно дете. Премиерчето му го дава лебот и си заминува, без многу мислење, ко до сега. То дете станува научник шо ќе открие лек за сите болести, ќе добие седум нобелови и една златна Бубамара, ќе го одбрани светот од вонземјани и ќе го доврши патот Охрид Кичево и ќе открие кој ги пушти кучињата надвор. На интервју го прашуваат како успеал, тој погледнува кон небото и му капи солза, тогаш на небото во форма на сонце се јавува ликот на премиерот. Детето одговара: сите веруваат во чуда, но јас еднаш одамна такво чудо и запознав.
Врти одјавна шпица со 37 имиња кои уште ги чекаме. – вели Божиновски.