Целото семејство на бебето болно од туберкулоза е заразено, таткото се жали на дискриминација оти ги изолирале
По мајката и бебето кои во болнички кревет се лекуваат од туберкулоза, денес хоспитализирани се и останатите четворица членови на ова кумановско семејство, пренесува „Телма“, според чии информации иако се без симптоми и во добра здравствена состојба, сепак се инфицирани со туберкулоза.
Со дополнителни анализи ќе се утврдува дали се само носители на вирусот или пак заболени.
Тие секако дека треба да се изолирани, овој позитивен тест не значи дека се болни туку значи дека се инфицирани со туберкулоза. И сега од понатамошните други анализи зависи дали овие деца ќе бидат поставени на заштитна терапија за да не развијат активна болест или ќе ги лекуваме како болест, како туберкулоза, вели д-р Катерина Бошковска, раководител на одделот за туберкулоза во ЈЗУ Институт Козле.
До вчера тие беа во својот дом во населбата Банево Трло во Куманово и според сведочењата на таткото – дискриминирани и отфрлени од околината. Тој една недела не оди на работа, а ниту децата во училиште, додека надлежните не се „на чисто“ за нивната здравствена состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес со јачина од 2,5 степени во…
Земјотрес со јачина од 2,5 степени е…
Филипче до Платформата: Нека ми се тргнат…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро одговори…
Македонец загина во сообраќајка кај Лесковац
Македонскиот државјанин со иницијали М.Ј, возач на…
Пентагон формира команда за развој на автономни…
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет најави…
Докторот кој се жалеше на дискриминација при…
По 15 дена без, како што вели,…