(Фото) Боби Христов се налути: Битиќи лаже дека сме отвориле поглавја со ЕУ – Не заслужуваме ваков срам

t

Новинарот Боби Христов го обвини Секторот за односи со јавност на владата дека објавила лажна вест дека при посетата на вицепремиерот на Брисел наводно биле отворени неколку поглавја во преговорите за членство во ЕУ.

„Заменик претседателот на владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи за заврши тридневната посета на Брисел на која Република * Македонија ги отвори поглавјата 9- финансиски услуги и 28- права на потрошувачи и јавно здравје од Кластерот 2 – внатрешен пазар кој е еден од носечките кластери и поради својата големина но и поради важноста бидејќи во него се содржани поглавјата за 4-те основни слободи кои се основата на договорот за воспоставување на Европската унија„

Во оваа фаза на пристапниот процес кон ЕУ НЕМА ОТВАРАЊЕ на поглавја има скрининг на поглавја во рамки на кластери.

А со погоре цитираното единствено отворено е признанието дека тој некој што пишува соопштенија појма нема до каде е МКД во пристапниот процес кон ЕУ. “, напиша Христов на фејсбук.

Владата се обиде да го прикрие скандалот бришејќи го видеото објавено на јутјуб. на што повторно реагираше Христов:

Е, да,видеото го затворивте, ама срамот? Но, ова вицепремиере не се брише. Мејл не се повлекува – тоа е… Образ е – или го има или го нема! Не заслужуваме ваков срам! Не можете толку да бришете колку што траги сте оставиле!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на…

Руски хакери нападнаа веб-страници на косовски институции,…

Ерменскиот премиер најави договор со Азербејџан

Ерменскиот премиер Никол Пашињан изјави дека мировниот…

Грците бесни што Турција сака манастирот Хора…

Министерството за надворешни работи на Грција преку…

Тројца мажи се обиделе да влезат во…

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било…