Објавено на:

Внукот на поранешниот претседател Кенеди најави кандидатура за претседателските избори во САД во 2024 година

t

Внукот на 35-от американски претседател Џон Ф. Кенеди, Роберт Кенеди кој е еколошки активист најави можна кандидатура на претседателските избори во САД во 2024 година.

„Размислувам за тоа и ја надминав најсериозната пречка – мојата сопруга даде зелено светло“, изјави Кенеди за време на посетата на колеџ во Њу Хемпшир.

„Не можеме да напредуваме како нација оставајќи ги зад себе нашите посиромашни браќа и сестри. Работите што ја дефинираат нашата нација се овие заедници“, рече Кенеди. „Ние ја имаме веројатно најголемата поларизација во историјата на нашата земја што ја имавме од Граѓанската војна, навистина опасна поларизација“, додаде тој. „Повеќе плаќаме за лекови и повеќе за фармацевтски производи. Ние консумираме три пати повеќе фармацевтски лекови од другите западни земји и имаме најлоши здравствени резултати“, рече Кенеди.

Се верува дека Кенеди Јуниор сериозно би се мешал во номинациите на Демократската партија. „Тој го има името и тоа отвора многу врати“, рече долгогодишниот демократски сенатор Лу Д’Алесандро.

Кенеди има 69 години и живее во Лос Анџелес. Покрај работата како конзерватор, предава и на правниот факултет и има напишано бројни книги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Роберт Кенеди Јуниор ги откачи демократите и…

Роберт Кенеди Јуниор ќе се одвои од…

Караван со поддржувачи на Роберт Кенеди Јуниор…

Денес, поддржувачите на демократскиот претседателски кандидат Роберт…