Објавено на:

Кина се стреми кон мирно обединување со Тајван: Тоа е ист народ со иста крв

t

Кинеската влада треба да го промовира мирниот развој на односите со Тајван и да се залага за мирно обединување на Кина со Тајван, изјави кинескиот премиер Ли Кечијанг во извештајот до парламентот во Пекинг, чија годишна седница започна денеска, пренесе Ројтерс.

„Кинезите од двете страни на Тајванскиот теснец се едно семејство и имаат заедничка крв. Мораме да ги промовираме економските и културните односи низ Тајванскиот теснец и да ги подобриме системите и политиките кои придонесуваат за благосостојбата на нашите тајвански сонародници“, рече Ли.

Во исто време, тој рече дека вооружените сили на Кина треба да посветат повеќе енергија на подготовка под воени услови и да ја подобрат својата борбена готовност. „Вооружените сили мора да го зголемат интензитетот на воената обука и да ја зајакнат својата готовност во сите сфери. Тие мора да развијат нови водечки принципи на нивната воена стратегија и да направат координирани напори за подобрување на воената работа во сите правци и на сите полиња“, нагласи Ли Кечијанг.

Тој, исто така, ја разгледа работата на владата во 2022 година. „Ние останавме посветени на пошироко отворање кон светот и ја проширивме меѓународната економска и трговска соработка за да постигнеме заемно корисни резултати. Увозот и извозот беа стабилни, а нивниот квалитет се подобри. Со постојан раст, увозот и извозот го поддржаа економскиот развој на Кина“, објави Ли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајден одобри пакет воена помош за Тајван

Американскиот претседател Џо Бајден одобри нов пакет…

Кина го гради најголемиот аеродром во светот

Dalian Jinzhou Bay International моментално се гради…

Медиуми: Си Џинпинг нема да патува во…

Кинескиот претседател Си Џинпинг нема да отпатува…

Медведев во Пекинг, ќе ги продлабочува односите…

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија,…

Кина повика на изнаоѓање „политичко решение“ во…

Кина повика да се изнајде „политичко решение“…