Сунак пресече: Ќе ги враќа сите мигранти дома, никој што влегол нелегално нема да остане во Британија
Во интервју објавено во весникот „Мејл oн сандеј“, британскиот премиер Риши Сунак рече дека очекува следната недела да биде усвоен нов закон за регулирање на ова прашање.
Под притисок на законодавците да се најде решение за мигрантите кои илегално доаѓаат во Велика Британија со мали чамци преку каналот Ламанш, Сунак го вклучи ова прашање во пет клучни приоритети.
„Немојте да погрешите, бидејќи ако дојдете овде илегално, нема да можете да останете“, рече Сунак.
Новиот закон за решавање на ова прашање треба да биде усвоен во вторник, пренесоа британските медиуми.
Само минатата година повеќе од 45.000 луѓе влегле во Велика Британија преку опасниот канал Ламанш.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Блумберг: ТРАМП ВРШИ ПРИТИСОК БРЗ БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ…
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп врши притисок…
Human Rights Watch со апел до ЕУ…
Human Rights Watch Однесувањето на Босна и…