Кина го зголеми буџетот за одбрана за 7,2 отсто
Издвојувањара за одбрана се повисоки од 2022 година, кога беа зголемени за 7,1 отсто, се наведува во извештајот на Министерството за финансии објавен на маргините на отворањето на годишното заседание на Секинескиот народен конгрес.
Пекинг планира да потроши 1.553,7 милијарди јуани (225 милијарди долари) за одбраната, што е и натаму околу три пати помалку од буџетот на Вашингтон.
Премиерот Ли Кечијанг во Парламентот апелираше да се „интензивираат обуките на армијата и борбена готовност“, како и да се „спроведат иновации во стратешките насоки“.
Високи американски претставници неодамна ја обвинија Кина дека сака да го нападне Тајван во наредните години, како и дека управува со „флота“ од воени балони кои го шпионираат целиот свет.
Од минатата година НАТО го оценува азискиот гигант како „предизвик за интересите“ на земјите од Алијансата.
Кина истакнува дека нејзината војска е чисто „одбранбена“ и дека има само една воена база во странство, во Џибути, во споредба со неколку стотици американски воени бази.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…
Хрватска планира да ги зголеми средствата за…
Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор…
На денешната седница, Владата го одобри назначувањето…
Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа
Бидејќи и вака се пласира од страна…
Трамп: Израел нема капацитет да го уништи…
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „секогаш…
Мелони објави дека достигнала 4 милиони следбеници…
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денес објави…