„Во дворот“ на МВР: Ограбени неколку дуќани спроти седиштето на владеачката СДСМ на Бихаќка
Утринава сопствениците на неколку локали, продавници, но и приватни здравствени установи биле пречекани со непријатна глетка со искрешни излози, обиени врати на помалку од 50 метри од министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
Како што дознава Инфомакс ограбени се неколку локали и кафулиња, но и приватни здравствени установи во зградата во која живееше екс-премиерот Никола Груевски, а истата се наоѓа спроти седиштето на владеачката СДСМ на Бихаќка.
Украдени се лаптопи и компјутери, кеш кој бил оставен во касата и други предмети за кои крадците сметале дека имаат некаква вредност. Како што напоменавме крадците не дискриминирале каде ќе влезат па така бил обиен речиси целиот ред на дуќани кои се наоѓаат на сутерен од зградата.
За трагедијата да биде уште поголема дрста кражба се случува на само 50-тина метри од службениот влез во МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…
Хрватска планира да ги зголеми средствата за…
Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор…
На денешната седница, Владата го одобри назначувањето…
Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа
Бидејќи и вака се пласира од страна…
Трамп: Израел нема капацитет да го уништи…
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „секогаш…
Мелони објави дека достигнала 4 милиони следбеници…
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денес објави…