ЈП Koмунална Хигиена – Скопје одржа еко-предавање во СУГС „Јосип Броз-Тито“

t

ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на денешниот ден реализираше еко-предавање за учениците од скопската гимназија „Јосип Броз-Тито”.

На еко-предавањето присуствуваа триесетина ученици, коишто имаа можност да се запознаат со активностите на Претпријатието и да се едуцираат како правилно и совесно да постапуваат со комуналниот отпад, на кој начин се врши неговата примарна селекција и како се одвива процесот на рециклирање. Беше спроведена и акција за чистење на отпадот од внатрешните простории и дворот, во којашто земаа учество и учениците и професорите од училиштето.

„Во текот на 2022 година, ЈП Комунална хигиена-Скопје организираше еко-предавања и работилници во триесетина основни училишта и предучилишни установи во сите скопски општини. Годинава планираме едукативните активности да ги продолжиме и во скопските средни училишта. Примарна цел на овие предавања е развивањето еколошка свест кај младите за нивната улога во одржувањето на здрава и чиста животна околина.” – изјави в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…