Објавено на:

Кумот на Вучиќ слупа автомобил од 300 илјади евра: За таква кола и милионери се на листи на чекање

t

Вчера во Белград се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа опел и суперавтомобил „мекларен“ управуван од Никола Петровиќ, кумот на српскиот претседател Александар Вучиќ. Интересно е и тоа што ова не е каков било суперавтомобил.

Според неофицијални информации, Никола Петровиќ со својот Мекларен влегувал во Ужичка улица на Дедиње од споредна улица и не го пропуштил возачот на Опел Корса, па во таа прилика дошло до судир.

Интересно, ова не е само некој суперавтомобил – ова е McLaren 720S придвижуван од 4.0 V8 мотор со двоен турбо полнач кој развива дури 720 коњски сили и 770 Nm вртежен момент. Овој модел, во зависност од опремата, има цена од повеќе од 300.000 евра, а со оглед на тоа што Србија нема официјален увозник на автомобили на Мекларен, оваа кола не е лесно да се добие. Сепак, не е лесно да се купи дури и таму каде што има овластен дилер на Мекларен, бидејќи годишно се произведуваат само 1.500 примероци.

За каков ѕвер се работи, најдобро говорат податоците за забрзувањето и максималната брзина. McLaren 720S забрзува од 0 до 100 km/h за само 2,9 секунди, додека максималната брзина е 341 km/h.

Има и долги листи на чекање за ваков Мекларен, па освен огромна сума пари, купувањето на ваков спортски автомобил често бара и многу трпение. Не сме сигурни дали врските и познанствата можат да помогнат да се забрза овој процес, но факт е дека McLaren 720S не е лесно да се добие, особено во Србија.

Нова.рс
Фото: Принтскрин Нова.рс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…