Објавено на:

Гајле немаме: Речиси половина население пуши цигари!

t

Македонците се едни од настраствените пушачи на светот, а сега тоа го потврдува и истражувањето направено од страна на Аналитика, со кое македонскиот народ е сместен во првите десет во светот, објави Фактор.

Според истражувањето, постраствени пушачи се мажите со 57,9, додека процентот кај жените е 39 отсто.

Притоа, користењето цигари се зголемува со возраста на пушачите. Најзависни се лицата од 45 до 54 години, односно се работи за 60,1 процент за пушачи на дневна основа.

Бројот, пак, на пушачи во европските земји е многу помал. Просекот на ЕУ е 29 проценти. Во одделни држави, како на пример, Грција и Бугарија е 27, а во Шведска минимални 8,7 проценти.

Исто така, со просечни 1,7 евра за кутија, Македонија е предводник во регионот и според цените на цигарите, кои кај нас се најевтини, вели Тамара Мијовиќ Спасова од Аналитика, појаснувајќи дека многу малку се прави за надминување на проблемот со пушењето, без разлика дали станува збор за законски решенија, зголемување на акцизите или за кампањи за подигнување на јавната свест.

Просечната цена, пак, на цигарите во регионот на ЈИЕ е околу 2,1 евро, а на европското ниво – 4,9 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Медведев по приведувањето на Рибар: „Објавен е…

Медведев по приведувањето на Звинчук: „Објавен е…

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски…

Основниот суд во Куманово му изрече казна…

Основачот на „Рибар“ приведен во Црна Гора:…

Основачот на рускиот воен канал „Рибар“, Михаил…

Од понеделник, системот „Безбеден град“ започнува со…

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од…

Дурмиши: Потрошувачката кошница во август изнесувала 58.475…

На едно четиричлено семејство во август му…