Објавено на:

(Фото) Белите лавчиња наполнија една година: Добија торта од вработените во ЗОО Скопје

t

Денеска со голема радост го прославивме првиот роденден на белите лавчиња Луна, Ана и Хана кои се родија во Скопје ЗОО, велат од Зоолошката градина.

Луна, Ана и Хана си добиле торта од своите зоонегуватели, направена според нивната табличка за исхрана, а гостите уживале во вкусната торта со ликовите на лавчињата и мама Бела.

Среќен прв роденден Луна, Ана и Хана 🎉🎁🎂

– Денеска со голема радост го прославивме првиот роденден на белите лавчиња Луна, Ана и Хана кои се родија во Скопје ЗОО.

Нашите вработени се дружеа со дечињата од градинката „Светот на Колорес”, а музички роденденот го збогатија детските евровизиски претставници Лара и Јован и нашите пријатели од ДКЦ Карпош.

Луна, Ана и Хана си добија најубава торта од своите зоонегуватели, направена според нивната табличка за исхрана, а нашите гости уживаа во вкусната торта со ликовите на лавчињата и мама Бела

Да ни се живи и здрави уште многу години, велат од скопската зоолошка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски откри кога ќе почнат да доаѓаат…

Во вечерашната емисија ClickPlus на ТВ21, министерот…

Прскање против комарци во сабота во Скопје,…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

Претепан вработен во казино од три лица…

Денеска во 00.20 часот во СВР Скопје,…

Прегазена 65-годишна жена во Скопје

На 11.05.2024 во 13.35 часот во СВР…