Објавено на:

(Видео) Судир на воени авиони: Двајца пилоти загинаа во страшна авионска несреќа во Италија

t

Двајца пилоти на воената авијација загинаа во сударот на авионот „Саи Маркети 208“ над градот Гвидонија Монтечелио кај Рим, потврдија од Министерството за одбрана и италијанската воена агенција.

Едниот авион се урнал на поле во близина на воената база Гвидонија, додека другиот паднал врз паркирано возило во населбата Колфиорито. Во несреќата нема повредени цивили.

Според очевидци, за време на тренинг лет на четири авиони, два од нив се судриле. Другите два авиони слетале безбедно.

Животот го загубија потполковникот Даниеле Ципријано и мајорот Марко Менегело од Гвидонија.

Премиерката на Италија Џорџа Мелони изрази сочувство до семејствата на загинатите пилоти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Амнести интернешнел“ ја повика Италија да го…

Италија треба да го прекине договорот со…

Ренесансни слики со непроценлива вредност украдени од…

Во музеј на Сицилија, украдени се четири…

„Мислевме дека спие“: родители во Италија возеле…

Родители возеле околу 100 километри низ Италија…

Италијански бизнисмен поставил бомба пред домот на…

Италијанскиот бизнисмен Валтер Лавитола признал дека го…

Ескалира спорот во ЕУ: Шпанија воведува гранични…

Шпанија воведе гранични контроли на целиот воздушен…