Поради картелите САД ќе спроведува специјална воена операција во Мексико?!
Сенаторот Линдзи Греам во понеделникот рече дека е подготвен да претстави закон за „поставување на сцената“ за воените сили на САД во Мексико, велејќи дека е време да се „построи“ соседната земја откако четворица Американци беа киднапирани од вооружени лица оваа недела.
Греам во разговор со водителот на Фокс њуз Џеси Вотерс дека ќе го следи советот на поранешниот претседател Трамп за политиката кон Мексико.
„Ќе го земам Мексико на око“, рече Греам. „Ако продолжите да им давате безбедно засолниште на дилерите на дрога, тогаш сте непријател на Соединетите држави“.
Греам додаде дека „ќе воведе закон со кој одредени мексикански нарко картели ќе станат странски терористички организации според американскиот закон и ќе постават услови за употреба на воена сила доколку е потребно“.
„Би ѝ рекол на мексиканската влада ако не го исчистите вашиот “џган”, ние ќе ви го расчистиме“, рече сенаторот.
Воената акција во Мексико ќе бара Овластување за употреба на воена сила, која ќе треба да помине во поделен Конгрес, а потоа да биде потпишана како закон од претседателот. На Конгресот ќе му треба двотретинско мнозинство за да го отфрли ветото.
Дури и тогаш, претседателот Бајден, како врховен командант, има директна контрола врз вооружените сили. Претседателот се обврза да работи со Мексико за да се запре протокот на недозволени дроги преку граница, пишуваат американските медиуми.
Мексикански гувернер во вторникот изјави дека двајца од киднапираните Американци биле пронајдени мртви, додека еден е ранет, а четвртиот е неповреден.
Четворицата Американци отпатуваа за Мексико во петокот и беа киднапирани во градот Матаморос откако беа фатени во смртоносна престрелка, објавија официјални лица.
Групата се движела во бел минибус со регистарски таблички од Северна Каролина. Американските власти, кои веруваат дека Американците веројатно биле помешани со некој друг, понудиле награда од 50.000 долари за нивното безбедно враќање.
Во градот Матаморос доминира нарко картелот од Заливот. Другите градови и држави во Мексико се под зголемен притисок од картелските групи кои се борат за моќ и пазари низ целата земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД: Неонацистичка група има намера да се…
Предизборната кампања во САД се соочи со…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…
Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…
САД и Велика Британија ги повикаа нивните…
Амбасадата на САД во Бејрут и британската…
Хрватска набавува најмоќно оружје во својата историја:…
Хрватска го набавува најмоќното оружје што досега…