(Видео) Народот треба да научи да не бара, туку да креира и дава во државата: Не дозволувајте да ве хранат за да ве колат

t

Македонскиот народ ќе оди надоле бидејќи нема лидер и не може да му се наметне лидер бидејќи веќе не верува во лидери, вели во денешната епизода на Тешки муабети, Зоран Витанов.

Проблемот не е кај лидерите, кај народот е, тој е навикант веќе 25 години да чека некој нешто да му даде. СДС излезе со парола на изборите “НАТО ќе не брани, Европа ќе не храни”. Тој со тоа сака да каже сите ние сме непособни, треба да си го продадеме достоинството за некој да не храни.

И народот тоа го голта, јас ја напуштив политиката и си ги засукав ракавите, за моето семејство да не треба некој друг да го брани и храни.

Народот треба да реира нова вредност, да учи, да дава во државата, не да очекува да зема од неа. Ние треба да работиме на себе, во услови на дигитална економија да чекам некој да ме брани, да ме храни, секој еден може да заработува.

Во 2008 година во Пепелиште отидов во кампања, ме прашаа што носам и јас реков програма. Почнаа да се смеат, едните донеле копани, другите донеле брашно, ако не носиш ништо ич не доаѓај рекоа. Тие не се свесни дека треба да дадат во државата, ако земаш си се задолжил. Жално на таа држава во која народот е должник, таа држава не е слободна, тој народ не е слободен.

Јас само ги прашав дали имаат свињи и дали ги хранат од љубов или за да ги заколат. Таму добив само еден глас.

Да градиш бизнис или кариера било каде врз доверба на народ е исто како да градиш куќа, темелите да ти се во песок, вели мојот ментор, вели Витанов кој додава дека плаќа 100 евра персонален данок на ден и прашува кој пред кого треба да биде одговорен, тој што плаќа или тој што е платен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ