Британското разузнавање: “Вагнер” и руската армија се во конфликт!
Пред неколку дена беше објавена снимка од посетата на Шојгу на Запорожје, а тоа, сметаат Британците, може да биде многу значајно.
„На 4 март 2023 година руското Министерство за одбрана објави видео од ретка посета на Украина на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу“, пишува во новото соопштение на британското Министерство за одбрана за ситуацијата во Украина.
„Постои реална можност ова делумно да е одговор на неодамнешното видео на сопственикот на групацијата Вагнер, Евгениј Пригожин, кој ги посетува своите борци на линијата на фронтот“, додаваат Британците.
Понатаму, Британците наведуваат дека Вагнер и Министерството за одбрана, односно редовната армија се во конфликт и дека Шојгу е веројатно чувствителен кога ќе се спореди со Пригожин.
Интересно, понатаму тие наведуваат дека единствениот руски командант од теренот кој бил прикажан на видеото е генерал-полковник Рустам Мурадов. „Значајно е што Мурадов е одговорен за секторот Вухледар во регионот Доњецк, каде што неколку напади не успеаја во последните три месеци“.
Британците наведуваат дека Русите веројатно се во дилема.
„До неодамна, руската команда веројатно гледаше пробив во Вухледар како клучен начин за постигнување оперативно значаен пробив во украинските линии. Руските планери најверојатно се соочуваат со дилемата да се обидат за нов напад врз Вуледар или да поддржат интензивни борби понатаму на север во близина на Бахмут и Кремина“, пишуваат Британците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија и Франција клучни за европската одбрана,…
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…
Шест од десет Британци сакаат државата да…
Британскиот премиер Кир Стармер повика на „подлабоки…
Илјадници патници заглавени меѓу Британија и Франција…
Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel)…
Кралот Чарлс за нападот во воз кај…
Британскиот крал Чарлс III денес изјави дека…
(ВИДЕО) ХОРОР! Припадници на Вагнер се снимале…
Црвената соба на Вагнер: Кога руските платеници…