Агелер вели: Ќе направам се да зајакне вербата во правосудството
Зајакнување на правосудството во земјава, на сите нивоа, е главен приоритет за амбасада на САД, за мене лично и за Вашингтон, изјави американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер.
По посетата на Истражниот центар при Основното јавно обвинителство Скопје, каде амбасадата на САД донираше компјутерска и техничка опрема, Агелер порача дека ова е добар систем и изрази уверување дека интероперабилноста ќе ја подобри ефикасноста.
„Тука сум од ноември и корупцијата во земјава е присутна подолго време. Тоа не е проблем што може да се реши за неколку месеци и постојат веќе системи, кои бараат проверка. Затоа е добра денешната посета, за да видам како се водат истрагите“, порача Агелер.
Сакаме да бидеме партнери со оваа земја, нагласи Агелер, така што ќе покажеме дека овој систем е тука за вашите граѓани.
„За тоа е потребно време. Не е нешто што еден компјутерски систем ќе го реши, но е приоритет и ако имам една цел како амбасадор во земјава, тоа е да се осигурам дека ќе направам се што можам, заедно со мојот тим, за зајакнување на вербата на граѓаните на Македонија во правосудството“, порача Агелер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема нови случаи на Западен Нил во…
Нема нови случаи на вирусот Западен Нил…
Санду: Обединувањето со Романија би донело поголема…
Претседателката на Молдавија, Маја Санду, маргините на…
Пред нас се два продолжени викенда во…
Октомври годинава носи два продолжени викенда за…
КОРИДОРОТ 8 ЗА БРИСЕЛ Е ВАЖЕН И…
Македонија засега не е активно вклучена во…
Кузеска: Левица не гласаше за минимална плата,…
На прес-конференција, портпаролката и членка на Извршниот…