Ковачевски оптимист: Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во подготовката на амандмани за уставните измени

t

Премиерот Димитар Ковачевски е оптимист дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе делегира правни експерти во работната група за подготвување на уставните амандмани.

„Следната фаза е формирање на експертска работна група координирана од Министерството за правда за подготвување на амандманите, бидејќи ние во моментов зборуваме за уставни измени но никој од граѓаните не видел како изгледаат тие уставни амандмани. Првата фаза е амандманите да бидат напишани од експерти. Не зборуваме само за вметнување на Бугарите во Устваот, туку и за други заедници кои изразиле желба да бидат дел од нашиот Устав. Таа работна група ќе вклучува експерти по уставно право и ќе бидат повикани претставници експерти од партиите, што значи од опоизцијата. Сметам дека опозицијата тоа би требало да го прифати иако се покажало во минатото дека во ништо не сакаат да учествуваат освен во блокирање на Собранието, но мислам дека овојпат треба да учествуваат“, вели Ковачевски.

Тој појасни дека отако амандманите ќе бидат подготвени, тие ќе бидат ставени на увид и широка расправа помеѓу академнската и бизнис заедницата, невладините организации, медиумите и граѓаните за сите да го кажат своето мислење. Потоа следува фаза на парламентарна дебата за уставните амандмани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…

СДС и Венко Филипче што со демагогии,…

ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…