Град Скопје нема да коментира политиканти: Ако некој ветувал згради на место каде се предвидуваат зелени површини тоа е негов проблем
Градот Скопје нема да се впушта во коменитрање на политиканти и политизирање на секоја деструктивна и блокирачка активност во организација на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците кои доаѓаат од редовите на оваа партија, соопштуваат од Градот Скопје во врска со денешниот собир на мал број граѓани и градоначалникот на општина Бутел кои се противат на трасата на улицата “Боца Иванова”.
– Трасата на улицата „Боца Иванова“ е предвидена со Генералниот Урбанистички план, и во целата своја должина се простира на земјиште кое е во државна сопственост. Во овој дел законот е јасен и дециден, и нема простор за политички манипулации со истиот.
Неправото, не може да произведе право, па оттаму, граѓаните на градот Скопје не може да бидат спречени во своите права за своите даноци да не добијат соодветни услуги, нова инфраструктура и безбедно сообраќајно решение. Неправото на неколкумина, не може да го дерогира правото на сите.
Што се однесува на наводни ДУП-ови за изградба на згради на потегот на оваа траса, апелираме до градоначалникот на општина Бутел конечно да ги научи своите ингеренции. Детален урбанистички план носи општината, а не градот Скопје. Тоа што Дарко Костовски ветувал дека на тој дел на ул.Боца Иванова ќе легализира земјишта на кои ќе вцртува маркици за изградба на згради, кои сега поради реконструкцијата на улицата нема да биде возможно е негов проблем, а никако проблем на градот или на граѓаните на градот Скопје.
На овој појас, градот Скопје воведува забрана за изградба и предвидуваме целиот овој потег да биде зелен појас.
Оттука, апелираме граѓаните да не дозволуваат да бидат изманипулирани и инструментализирани за остварување на бизнис интересите на неколкумина политиканти и бизнисмени. На крајот, одговорноста е на оној кој узурпира државно земјиште, а не на политиканите. – велат од Град Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
19 годишно момче загина во сообраќајка во…
Попладнево во скопската населба Радишани се случила…
10 години од поплавите во Скопје во…
Скопје денеска одбележува десет години од невремето…
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти…
Слаб земјотрес вечерва во Скопје
Слаб земјотрес со јачина од 2,5 степени…
Тинејџер со пиштол шетал низ Скопје
На 27.07.20226 во 19:50 часот на ул.„Димитар…