Шкријељ: Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ на Собранието се нотирани и во Извештајот на ЕК
Во реплика на денешната седница пратеничката Санела Шкријељ посочи дека во Извештајот на Европската комисија се нотирани и блокадите што оваа партија ги прави во Собранието.
Во реплика на денешната седница пратеничката Санела Шкријељ посочи дека во Извештајот на Европската комисија за напредокот на државата, за кои и самите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е објективен, се нотирани и блокадите што оваа партија ги прави во Собранието.
„Бидејќи рековте дека Извештајот на Европската комисија е објективен, да видиме што пишува во тој Извештај. Пишува дека работата на Собранието беше нарушена поради политичка поларизација, што го одложи донесувањето на многу закони и тоа е јасно констатирано во Извештајот. Дали знаете дека во Извештајот директно се споменува дека ВМРО-ДПМНЕ започна активна блокада на Собранието? Значи вашиот начин на блокирање на работата на Собранието е нотиран во Извештајот на ЕК“ реплицираше Шкријељ додавајќи дека и СДСМ се спомнува во извештајот како партија која ги подобрила своите внатрешни демократски процеси, преку одржување на вторите директни избори за претседател на партија.
Шкријељ истакна дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од говорницата во Собранието ја оцрнуваат сопствената земја, наспроти она што ЕК го констатира како прогрес, повикувајќи ги пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да докажат дека навистина се за ЕУ, така што ќе гласаат за уставните измени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонскиот кардиолог Сашко Кедев влезе во Гинис…
Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев…
Рекорден број Руси заминуваат во Грузија, Ерменија…
Сè повеќе Руси ја напуштаат земјата, а…
Демонстрантите во Тирана се обидоа да ги…
За време на вчерашниот протест во Тирана,…
(Видео) Голем пожар во индустриската зона на…
Голем пожар избувна во индустриската зона на…
Нема повеќе да роварат одвнатре – велат…
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија објави…