Касами со барање: ОГНЕНИТЕ ДА НАПРАВАТ ПАРТИЈА и да формираме коалиција
Огнената група во ДУИ би била поприфатлива за соработка со Движењето Беса во случај да одлучат да се отцепат од ДУИ и да формираат нов политички субјект. Ова го изјави претседателот на Движењето Беса, Билал Касами во интервјуто во емисијата „Патот кон“ на Алсат.
Касами додаде дека со сегашното парламентарно мнозинство е затворена секоја можност за соработка.
„За нас би било добредојдено ако конечно решат да се отцепат од ДУИ, да формираат политичка партија и да седнеме заедно да направиме проширена опозициска коалиција со нив, со Алтернатива, со други партии, со други групи, со интелектуалци и други опозициски фактори од граѓанскиот сектор за кои ние сме заинтересирани и подготвени да подадеме рака за соработка на секоја политичка сила со која сметаме дека на албанските гласачи ќе им дадеме слика дека ние се надминавме себеси и сме подготвени да формираме победничка сила со што ќе ви гарантираме дека нивниот глас нема да оди за џабе“, изјави Билал Касами, претседател на Движењето Беса.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонскиот кардиолог Сашко Кедев влезе во Гинис…
Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев…
Рекорден број Руси заминуваат во Грузија, Ерменија…
Сè повеќе Руси ја напуштаат земјата, а…
Демонстрантите во Тирана се обидоа да ги…
За време на вчерашниот протест во Тирана,…
(Видео) Голем пожар во индустриската зона на…
Голем пожар избувна во индустриската зона на…
Нема повеќе да роварат одвнатре – велат…
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија објави…