Објавено на:

ПОЖАР НА ПАТОТ КОЧАНИ-ВИНИЦА: Осум пожарникари и три возила спречиле ширење на пламените јазици

t

Пожарот е пријавен во 14:20 часот. На терен биле испратени три противпожарни возила со осум пожарникари кои спречиле ширење на пожарот. Додека траела акцијата за гасење на пожарот сообраќајот на тој патен правец бил во прекин.

Стрниште, запалена трска и големо количество стари автомобилски гуми горат покрај магистралниот пат Кочани-Виница, информира Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на Регионалниот центар за управување со кризи од Штип.

Како што посочуваат оттаму од запаленото стрниште се запалила високата трска во којашто имало фрлено големо количество стари автомобилски гуми.

Пожарот е пријавен во 14:20 часот. На терен биле испратени три противпожарни возила со осум пожарникари кои спречиле ширење на пожарот. Додека траела акцијата за гасење на пожарот сообраќајот на тој патен правец бил во прекин.

„Ситуацијата се следи од страна на ЦУК и пожарникарите кои се на терен“, велат од ЦУК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хитлер Мусолини победи на избори во Перу:…

Неверојатна приказна пристигнува од Перу, каде што…

Најемотивниот концерт оваа есен: На 13 октомври…

На 13 октомври во прекрасниот амбиент на…

СВЕТОТ НА СПОРТОТ ВО ШОК: Откриено е…

Судењето на векот за смртта на Диего…

Македонци од Леринско повикани во полиција по…

Македонци од Леринско и Воденско во Грција…

Кина купила злато вредно 3,1 милијарди долари:…

Кина продолжува со стратегијата за акумулирање злато…