ГО ДОБИ СТРУШКА ФИРМА ЗА 400.000 ЕВРА: Охридското Езеро ќе оди под концесија
Охридското Езеро немаше концесионер од јануари 2020 година, кога на фирмата која ја вршеше оваа дејност, „Летница-Белвица“ државата ѝ ја одзеде концесијата.
Струшката фирма „Еко-свет“ вчера по пат на јавно надавање го доби Охридското Езеро под концесија за стопански риболов во период од шест години, за сума од 400.000 евра, објави „Алсат“.
– Постапката за доделување концесија на риби за вршење стопански риболов и организирање рекреативен риболов на Охридското Езеро е во тек. Обврските по однос на порибувањето, количини и улов на риба на идниот концесионер ќе бидат утврдени во договорот за концесијата по изборот на концесионер – изјавиле од Министерството за земјоделство, од каде сепак не ги демантирале објавените информации за новиот концесионер кој го доби на користење најголемото македонско езеро.
Охридското Езеро немаше концесионер од јануари 2020 година, кога на фирмата која ја вршеше оваа дејност, „Летница-Белвица“ државата ѝ ја одзеде концесијата бидејќи не водела точна евиденција за уловената риба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хитлер Мусолини победи на избори во Перу:…
Неверојатна приказна пристигнува од Перу, каде што…
Најемотивниот концерт оваа есен: На 13 октомври…
На 13 октомври во прекрасниот амбиент на…
СВЕТОТ НА СПОРТОТ ВО ШОК: Откриено е…
Судењето на векот за смртта на Диего…
Македонци од Леринско повикани во полиција по…
Македонци од Леринско и Воденско во Грција…
Кина купила злато вредно 3,1 милијарди долари:…
Кина продолжува со стратегијата за акумулирање злато…