Објавено на:

Вучиќ згрме: Нема да ја признаам независноста на Косово, не се предаваме

t

Србија нема да се согласи или молчи за прашањето за влез на Приштина во Обединетите нации, ниту ќе ја признае самопрогласената независност на Косово, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Вучиќ во гостување на ТВ Хепи, зборуваше за дијалогот со Косово во Брисел, изјави дека граѓаните мора да знаат дека не помислува да ја потпише капитулацијата и дека нема некој кој подобро од него знае каков е европскиот план.

Луѓето во Србија, посочува тој, треба да знаат дека никој од државниот врв не напишал никаков план, тоа го напишале западните сили.

Објаснив дека планот е лош, но мора да ги разбереме околностите, зошто треба да останеме во преговорите“, истакна Вучиќ.

Тој посочи дека на сите јасно им ставил до знаење дека Србија нема да се согласи или молчи за прашањето за влез на Приштина во Обединетите нации, ниту пак да ја признае независноста на Косово.

Вучиќ вели дека Србија е подготвена на многу компромиси, но оценува дека Албанците нема да направат ништо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…