Ковачевски: Кого лаже ВМРО-ДПМНЕ, народот или странските амбасади на кои им ветуваат уставни измени?!
Кога сме ја формирале државата сме донеле одлука дека ваа земја ќе стане членка на ЕУ и НАТО, обврската пред граѓаните политичарите ја земаа уште кога гласаа за влез на Македонија во НАТО. ВМРО-ДПМНЕ денес е против зачленување на Македонија во ЕУ, вели премиерот Димитар Ковачевски кој на денешната прес-конференција ја запраша опозициската партија кого лаже, народот или амбасадите на кои им ветува уставни измени.
– Тие одат во амбасади, викаат дајте ни власт, ќе ни дадете простор да се аклиматизираме и после ќе го смениме уставот. Можат да демантираат ама тоа го зборуваат, кого лажат е прашањето. Ги лажат граѓаните или ги лажат странските амбасади?
Македонските граѓани ја идентификуваат ЕУ како најзначаен партнер на државата. Лидерството е да донесете одлука за иднината на сегашните и идните генерации, а не да се криете позади народот. ВМРО-ДПМНЕ се крие позади народот и едно зборуваат по амбасади, друго пред народот, вели Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа…
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „Алта банка“ немала забрана…
АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…
СДС и Венко Филипче што со демагогии,…
ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…