Марјан Стаменковски – сопственикот на „Доказ“ не признава вина

t

Марјан Стаменковски, сопственикот на порталот „Доказ“ не призна вина за петте кривични дела за кои го гони Основното јавно обвинителство – Скопје.

Неговата одбрана смета дека во случајот воопшто нема основа за кривичен прогон , туку дека тоа што тој го правел е само вербален деликт.

„Доказната постапка продолжи со испитување на оштетените, тоа значи дека обвинетиот не призна вина, тој смета дека не е виновен за ова и дека се работи за вербален деликт, а не и за кривична одговорност. Се надеваме дека во текот на постапката и ќе го докажеме тоа“ – рече еден од неговите адвокати, Коста Нојков.

Најков очекува неговиот клиент да добие ослободителна пресуда.

„Нашите очекувања се дека ќе добиеме ослободителна пресуда бидејќи ова обвинение значи враќање на вербалниот деликт на мала врата. Без оглед дали она што го пишува Марјан некому му се допаѓа или не, тука разговараме за кривична одговорност и дали има или нема извршување на кривично дело“ – посочи тој.

Минатата недела се одложи почеток на судската постапка бидејќи одбраната бараше предметот да му се додели на обвинител од некое обвинителство од друг град бидејќи ОЈО Скопје во случајот се јавува како оштетено. Сепак, Вишото јавно обвинителство Скопје го одби барањето и денеска судскиот процес продолжи со испитување на оштетените.

Судскиот процес се одвива зад затворени врати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СВЕТОТ НА СПОРТОТ ВО ШОК: Откриено е…

Судењето на векот за смртта на Диего…

Македонци од Леринско повикани во полиција по…

Македонци од Леринско и Воденско во Грција…

Кина купила злато вредно 3,1 милијарди долари:…

Кина продолжува со стратегијата за акумулирање злато…

Трамп: Погрешно ме разбраа кога реков дека…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговите…

САД директно ќе пренесуваат стрелање на војник…

Пентагон најави телевизиски пренос „во живо“ од…