Американската амбасада во БиХ: Додик во Република Српска воведува репресивен режим
Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Босна и Херцеговина денес ги осуди најавите за криминализација на клеветата и воведувањето регистар на „странски агенти“ кои ги планираат властите на Република Српска, оценувајќи дека станува збор за планови чија намера е репресија и ограничување на слободата на изразувањето.
Американската амбасада остро реагираше на најавите на измени на кривичниот закон во РС со кои би се вовеле парични казни за клевета односно повреда на честа и угледот, како и најавата на претседателот на РС Милорад Додик дека ќе предложи во тој ентитет да се донесе закон за обврска за регистрација на „странски агенти“, односно на организации кои примаат парична помош од странство.
„Властите во Република Српска најавија планови за усвојување на два репресивни, недемократски закони кои, ако се спроведат, драстично би ги нарушиле правата и слободите на луѓето кои живеат во РС. Овие закони би ѝ користеле само на владејачката коалиција во нејзините напори да ја зацврсти својата власт, а би биле на штета на сите останати“, наведе амбасадата на САД во БиХ.
Според американската дипломатија, законите кои ги најави власта во РС се обид за стигматизирање и замолчување на независните гласови кои сакаат да изградат демократска и просперитетна иднина за нејзините жители.
Додик искоментира дека обврската за регистрирање на странските агенти би била воведена по примерот на законот кој во САД е на сила од 1938 година, а американската амбасада оцени дека тоа е „веќе виден филм кој се знае како завршува“.
„Кога Русија го прошири своето законодавство за странските агенти во 2020 и таа тврдеше дека само го копира американскиот модел. Тоа беше целосно невистинито, а резултатите ги видовме“, се наведува во соопштението на амбасадата на САД без да се наведат понатамошни детали.
Американскиот Акт за регистрација на странски агенти (ФАРА) ги обврзува медиумите и организациите од цивилното општество да ја информираат јавноста за своите дејствувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…
Арсовска за денес најави објавување докази за…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…