Гаши призна дека имал средба со Заев, но прашува: По чиј налог ме следат службите на СДСМ и ДУИ?
Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши призна дека имал средба со поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев во Струмица.
Утрово на социјалните мрежи се појавија фотографии со Заев и Гаши како седат на заедничка маса.
Гаши се огласи по повод таа средба.
„Како лидер на Алтернатива имам мандат и должност да се среќавам со сите политички актери во земјата. Така сум работел досега и така ќе работам и во иднина. Следствено, нема ништо посебно и мистериозно во мојата средба со поранешниот премиер Зоран Заев. Јас го разбирам интересот на медиумите за оваа средба, но мислам дека вистинското прашање не е кој, каде и зашто се среќавам, туку зошто, по чиј налог и од каков страв ме следат службите СДСМ-ДУИ?“, прашува Гаши.
Фотографија од оваа средба објави денеска на Фејсбук независниот пратеник во македонското Собрание, Скендер Реџепи прашувајќи зошто Гаши требал да оди на средба со Заев дури до Струмица.
„Прашање за еден милион евра??? Што побара денеска Африм Гаши од Зоран Заев и зошто требаше да оди дури до Струмица? Активистите на Алтернатива, како и пошироката јавност, заслужуваат да ја знаат вистината за оваа средба“ напиша Реџепи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…