(Видео) Српската полиција објавни снимка од апсењето на осомничените за убиството на „Ескобар“
Ранко Р.(55) е убиен пред два дена околу 11 часот на бензинска пумпа во Белград. Неговото име се споменуваше во јавноста како сопственик на блиндиран автомобил кој беше пронајден во гаражата на Марко Миљковиќ, десната рака на српскиот криминалец Вељко Беливук.
Министерството за внатрешни работи на Србија денеска соопшти дека полицијата го уапсила С.З. (28) и Љ.В. (26) поради сомнение дека го сториле делото тешко убиство.
На осомничените ќе им биде одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.
Поради експресната реакција на полицијата, двајцата осомничени се зад решетки, како и малолетничка, исто така уапсена во станот во Нов Белград, која се товари за соучесништво во делото.
МУП објави видео од денешната акција на која се гледа полициската рација, апсењето и дека во станот е пронајдена дрога, вага за прецизно мерење, како и оружје и муниција.
Да потсетиме дека убиениот Ранко Радошевиќ наводно бил висок член на криминалната група од Никшиќ и близок до шкалјарскиот клан и неговиот водач Јован Вукотиќ, кој беше ликвидиран во септември минатата година во Истанбул, пишува српски Курир.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…