Заменик-градоначалникот Трајановски заедно со вработените во ЗОО Скопје засади цвеќиња по повод Националниот ден на цвеќето
Заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски, денеска заедно со ЈП Паркови и зеленило и вработените во скопската Зоолошка засади цвеќиња по повод Националниот ден на цвеќето.
– Во кругот на Зоолошката градина на Град Скопје, денеска засадивме најразлични цвеќиња, го разубавивме просторот и го одбележавме Националниот ден на цвеќето во организација и во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ и вработените во ЈУ Зоолошка градина.

На овој ден што се одбележува под мотото „Засади цвет за поубав свет“ имавме можност да слушнеме за улогата и важноста на цвеќињата во Зоолошките градини и во животната средина и да научиме нешто повеќе за нивната нега и одгледување.
Имавме можност да посетиме и неколку живеалишта во Зоолошката градина која во изминативе две години бележи бејби бум и пораст на бројот на посетителите. – напиша Трајановски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…
Невреме со дожд и град го зафати…
Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…