Објавено на:

Пендаровски “ги погоди” Бугарите: Се јави и Џамбаски, бара реакција од бугарското МНР

t

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски на официјалниот Фејсбук профил реагира дека денешната изјава на претседателот Стево Пендаровски е „скандалозна и антибугарска“.

Нашето Министерство за надворешни работи мора да реагира итно и да побара извинување од Пендаровски. Уште еднаш лажеше дека властите во Софија се вклучени во депортацијата на Евреите од територијата на денешната Македонија. Докажан историски факт е дека ова е целосна лага. Одделно Пендаровски кажа уште една лага, прогласувајќи ја власта во Софија за профашистичка влада. Докажан историски факт – Кралството Бугарија никогаш не било на власт ниту владеело ниту со фашистички ниту национал социјалисти, пишува Џамбаски.

Додаде дека „лагите на Пендаровски“ се тешка навреда за бугарскиот народ и оти имаат за цел понижување и негирање на историската улога и заслуга на бугарскиот цар, црквата, политичарие и народот кои единствени во Европа ги спасиле од депортација и смрт.

Дрскоста на ксенофобната, антибугарска, антиевропска власт во Скопје оди до тоа да се обиде да ја негира оваа неспорна историска заслуга на нашата нација, која, ќе повторам, единствена во Европа, од која сега разни политички бескичметници се обидуваат да нè научат на ум и разум, се осмелија да му се спротивстават на Хитлер и ги спасија неговите Евреи.

Побара итна реакција од бугарското МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија забрани реклами за коцкање, казина и…

Националното собрание на Бугарија конечно усвои целосна…

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…

1.325.900 луѓе во Бугарија живеат под прагот…

Во 2023 година, вкупната линија на сиромаштија…

Заменикот МНР на Русија се закани: Полска…

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј…

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…