Објавено на:

Пригожин сака да ја претвори “Вагнер” во идеолошка армија

t

Шефот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин соопшти дека има амбиции својата приватна воена компанија да ја претвори во „идеолошка армија“ која ќе се бори за правда во Русија.

Борците на Пригожин со месеци војуваат во источна Украина и го напаѓаат пред сè градот Бахмут.

„По заземањето на Бахмут ќе започнеме повторно“, рече Пригожин во видеото објавено на Телеграм. „Конкретно, ќе почнеме да регрутираме нови луѓе од регионот“, додаде тој.

Порача дека Вагнер мора да се трансформира од приватна во најдобра војска во светот, способна да ја брани земјата.

Пригожин соопшти дека групата Вагнер отворила 58 центри за регрутирање во 42 града во Русија за да се обиде да ја обнови својата војска, која претрпе големи загуби во источна Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов „Вагнер“ на повидок? Путин го потпиша…

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Законот…

Бела куќа: Вагнер сaка да обезбеди противвоздушна…

Белата куќа денеска соопшти дека руската платеничка…

Поранешни членови на Вагнер тренираат со Чеченците

Поголема група поранешни членови на приватната руска…

Песков: Вагнер повеќе не постои

Кремљ денеска ги отфрли написите на „Волстрит…

(Фото) Споменик на Вагнер се појави на…

На местото каде што загина основачот на…