Димитров: Да се префрла несразмерна вина на Бугарија за депортацијата на Евреите е несериозно
Да се префрла несразмерна вина на Бугарија за депортацијата на евреите од територијата на денешна Република Македонија е несериозно, вели Ангел Димитров, копретседател на македонско-бугарска историска комисија. Неговиот коментар за Бугарската телеграфска агенција доаѓа по обраќањето на претседателот Пендаровски – за да има помирување, Бугарија мора да се извини за улогата на тогашната профашистичка власт во Софија во депортацијата на македонските евреи.
Според Димитров, Бугарија била единствената европска земја која беше сојузник со нацистичка Германија, но не го исполни нејзиниот притисок и ги спаси сите нејзини Евреи. Смета дека депортацијата се случила под контрола на претставници на нацистичка Германија и дека Бугарија во тоа време не ги поседувала тие територии, туку само управувала со нив.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Демонстрантите во Тирана се обидоа да ги…
За време на вчерашниот протест во Тирана,…
(Видео) Голем пожар во индустриската зона на…
Голем пожар избувна во индустриската зона на…
Нема повеќе да роварат одвнатре – велат…
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија објави…
Денес започнува обврската за зимска опрема
Како и секогаш, и оваа година остануваме…
Кирил Петков: Русија сака да одлучува наместо…
Русија сака да одлучува наместо нас што…