Во пресметка во угостителски објект во Тирана убиена жена
Жртвата е жената на возраст од околу 60 години, била вработена во објектот. Од стаклото,кое било скршено при престрелката, со повреди на раката се здобило и едно 10-годишно дете.
Албанските медиуми пренесуваат дека полицијата потврдила оти угостителскиот објект бил во сопственост на лице со криминално досие.
„За расветлување на овој настан е формирана посебна истражна група. Под раководство на обвинителството интензивно се работи на расветлување на околностите на настанот, земање докази кои ќе послужат за расветлување на настанот, легитимирање и фаќање на сторителите“,велат од полицијата.
Исто така, поставени се и контролни пунктови во соработка со локалните полициски дирекции каде што постои сомневање дека можеби се кријат сторителите.
Медиумот „Балкан веб“ пренесува оти постои сомневање дека повеќе од две лица учествувале во престрелката кои потоа заминале со автомобил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…