Поранешен советник на Желев се согласува дека Бугарија треба да се извини за прогонот на македонските Евреи

t

Поранешниот советник на бугарскиот претседател Жељу Желев, професорот Михаил Иванов на својот профил ја пренесе вчерашната изјава на македонскиот претседател Стево Пендаровски од обележувањето на 80-годишнината од прогонот на македонските Евреи во Скопје: „Правда значи да се препознае и именува вистината и таа да биде почитувана од сите. За да има помирување, треба да има извинување за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи“ и напиша дека се приклучува на неговиот повик.

Професорот Иванов на својот фејсбук-профил исто така напиша дека се согласува со изјавите на Горан Садикарио, директорот на Музејот на холокаустот во Скопје.

„Го слушам Горан Садикарио и ме боли. Затоа што тој е апсолутно во право. Зошто не слушам од демократските политички партии за срамната ситуација во која генералот Радев и неговата придружба ја ставија Бугарија“, вели Иванов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Демонстрантите во Тирана се обидоа да ги…

За време на вчерашниот протест во Тирана,…

(Видео) Голем пожар во индустриската зона на…

Голем пожар избувна во индустриската зона на…

Нема повеќе да роварат одвнатре – велат…

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија објави…

Денес започнува обврската за зимска опрема

Како и секогаш, и оваа година остануваме…

Кирил Петков: Русија сака да одлучува наместо…

Русија сака да одлучува наместо нас што…