Ванковска за учесниците во „Шарената абортирана револуција“: Си молчат сите, биле уморни и разочарани!

t

Таче не е маче кога храбро ни плеска в лице колку сме бедни: нашиот глас не вредел ништо, бидејќи ако некој нè прашал нас, никогаш немало да го имаме сето ова што нè опкружува (т.е. она што јас го нарекувам трансакциска божем демократија или бермудски триаголник на договори што ни виснале како воденички камења). Човек што нема никаков изборен легитимитет, никаква доверба кај граѓаните, дојден од функционерскиот скут на татко му, кој е непристоен и користи говор на омраза среде парламент (институција во која би требало да одговара, а не да ја брани својата домашна убавица бизнисменка) – тој има дрскост да ни каже дека нашето мислење не само што не вреди туку било погубно за државата. Државата – тоа сум јас, вели еден Таче кој преде како маче пред западните амбасадори.

А ние? Па, ние и онака немаме држава! Чуму ни е кога дозволуваме од Уставот пачавра да прават, да носат одлуки амбасадор(к)и што во ракавот секогаш држат некој „адут“ кога треба да издејствуваат одлука во полза на своите стратегиски и национални интереси. Иако не сакам, сепак морам да ја спомнам Шарената (недовршена или абортирана) божем револуција: по налог и со помош однадвор „режимот“ го сменија, ама само едната негова нога; другата им треба. За играње на мали голчиња и за дриблање. Ама тоа не е политички/етнички коректно да се каже. Си молчат сите. Некои велат биле уморни и разочарани од распродадените идеали (да, имаше и чесни и искрени, ама неверојатно наивни кога не видоа од каде изгрева сонцето; од запад, нели?). Ама имаат одговорност!
Е сега, кога ќе ми се пушти „Рацин“, па и Вистиномер. Лом ќе ме направи! Ќе речат: ѝ прилега ли на професорка по политички науки вака да пишува? Зошто не објаснува научни аргументи, теории и методологии? Затоа што овде само наивен не би видел дека таквиот говор не само што е залуден туку е и смешен во ситуација кога Таче ти е божем премиер, а Груби вистински. Понекогаш е напорно да бидеш Дон Кихот. Mittere margaritas ante porcos. Ни се потсмеваат, нè нарекуваат „синдром“ или „популисти/путинисти/националисти“ и сл. Видете ги само сизифовските напори на мојата колешка Гордана Силјановска-Давкова! Таа држи не говори, ами јавни предавања по сите можни прашања што се на дневен ред на парламентот воден од „државникот“. Ѝ се чудам од каде ѝ се енергијата и упорноста, но и вербата дека тоа ќе допре до некого (па после ќе се сетам дека и јас пишувам колумни во ветер). Самата гледа дека додека зборува ја дочекуваат со потсмев и дофрлања пратени(ч)ки што не прочитале ни една книга. Уредник со европска награда (од жири во кое членував и јас) ме спореди со некоја негова српска колешка од Спутњик.

И ми даде регионално значење/влијание, велејќи дека „синдромот Ванковска“ се простирал пошироко. Поводот беше синот на таа жена (за која првпат слушам), па овој најде за згодно да ми ги спомнува ќерките. Говор на омраза, атака на приватноста? Да го тужам? Ма, немојте ви се молам, па тоа се тие промотори на европски вредности. Тие дури и Рацин го направија про-НАТО! Во тимот имаат и една професорка од Машинскиот факултет што толкува политички феномени, а интересно е што јас (професорка по политички науки) сум ѝ честа инспирација. Ним им требаат вештер(к)и за да си ги оправдаат западните грантови за „борба против туѓи и малициозни влијанија“. Во македонскиот речник зборот синдром има две значења: 1. (мед.) Комплекс од симптоми карактеристични за некоја болест. 2. (прен.) Заеднички карактеристики за некоја појава. Така да си знаете! Јас сум синдром – за болеста наречена политичка некоректност, критичко мислење, гледање на светот во неговиот тоталитет, и неверување дека сонцето изгрева на запад. Сите ние, како гласачко тело и како граѓани, сме синдром за болеста наречена демократија. Во нивните очи, очи соколови и државнички, ние сме болест, ние сме опасност, ние сме глупави и прости, тие се визионери и вождови (како оној на Домановиќ). Овде, а и во западниот свет, владее какистократија. Сакате дефиниција? Во 2015 година Мирослав Грчев ја даде во наслов на своја колумна: „Какистократија или, по наше, гомнархија“. Имам ли јас право да му противречам, особено што човекот бил толку далековид, па ја предвидел и оваа (да не кажам што)? Ако не му верувате на Грчев, еве друга дефиниција: „власт… во полза на подлеците на сметка на будалите (Џејмс Расел Ловел, американски поет и дипломат).

Целата колумна на Билјана Ванковска за Нова Македонија прочитајте ја тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…