(Фото) Зелено Скопје, нов мега-проект на Арсовска: Чаир добива Мега-парк на површина од 30.000 метри квадратни
Во градот Скопје повеќе нема заборавени населби. Секој граѓанин има право на модерен град, уредена населба и еднакви можности, напиша на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и ја најави изградбата на нов мега-парк во општина Чаир.



– Со гордост сакам да најавам дека започнува изградбата на нов мега-парк кој во соработка меѓу општина Чаир и градот Скопје, се протега на просторот на ул.Македонско Косовска Бригада од крстосницата со Втора Македонска бригада до крстосницата со Џон Кенеди.
Мега-паркот ќе се простира на површина од 30.000 метри квадратни, а ќе има 500 нови дрвја и садници, нова хидрантска мрежа и тревник.




Воедно во паркот се предвидени 2 нови спортски игралишта, нови 2 детски игралишта, 2 паркови површини за миленици, еден фитнес дел, 26 нови летниковци, нови урбана опрема, пешачки патеки и фонтани.
Програмата „За Модерно Скопје“ ја реализираме во целост, и никогаш нема да отстапиме од она што сме го ветиле пред граѓаните, кои заслужуваат нови зелени и паркови површини. – објасни Арсовска.




ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
19 годишно момче загина во сообраќајка во…
Попладнево во скопската населба Радишани се случила…
10 години од поплавите во Скопје во…
Скопје денеска одбележува десет години од невремето…
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти…
Слаб земјотрес вечерва во Скопје
Слаб земјотрес со јачина од 2,5 степени…
Тинејџер со пиштол шетал низ Скопје
На 27.07.20226 во 19:50 часот на ул.„Димитар…