ДЕМОГРАФСКА КРИЗА И НИСКИ ПЛАТИ: Никој не сака да биде бугарски војник
Продлабочувањето на демографската криза во Бугарија и поголемите плати во приватниот сектор се причина за недостигот на кадри во армијата, јавува БТА.
Од бугарското Министерство за одбрана за таа агенција велат дека во текот на 2022 година и во почетокот на 2023 година објавени се вкупно 29 конкурси за 1.984 работни места, а дека до сега се пополнети само 698.
„Во тек се конкурси за уште 732 слободни места“, беше речено како одговор на прашањето за причините за зголемениот недостиг на персонал во бугарската армија и можните решенија за тоа.
Како главна причина беше наведена демографската криза во Бугарија.
„Досега се преземени низа мерки за решавање на проблемот со недостигот на вработени и создавање услови за поголема мотивираност на воените лица, а една од нив е и зголемувањето на старосната граница за прием на 40 години“, соопшти Министерството за одбрана на Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…