Ковачевски: Го исполнивме ветувањето за повисока минимална плата, од април секој работник ќе зема минимална плата од 20.175 денари

t

„Почнувајќи од април минималната плата во државата ќе биде повисока за 2.175 денари и од 18.000 ќе се покачи на 20.175 денари“, изјави претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, по завршувањето на денешниот Економско социјален совет на кој беше донесена одлуката за зголемување на минималната плата во државава. Како што ветивме, го исполнивме ветувањето.

„Ова значи над 12% зголемување на основната минимална плата. Секој работник следниот месец ќе ја зема оваа плата како минимална. Согласно законот за административни службеници којшто е усогласен со законот за минимална плата тоа значи дека линеарно ќе се усогласат платите на 27.000 работници како и во другите сектори во кои законите се усогласени со законот за минимална плата.

Оваа одлука покажа дека со системски решенија се гради вистинско партнерство меѓу синдикатите, работодавците и Владата кои што сите претставници сакам да ги поздравам и дека тоа е начинот за зголемување и на платите и на стандардот на граѓаните”, изјави премиерот Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Уставните измени остануваат услов за ЕУ,…

Ставот на Владата за уставните измени како…

Доаѓа снег во Македонија: УХМР откри кога…

Македонија од утре влегува во период на…

Неочекуван пресврт во Вашингтон: Трамп најави дека…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите…

Мицкоски: За време на владата на Филипче…

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во ТВ…

Нова опасност за светската економија: Иран се…

Глобалната енергетска криза би можела дополнително да…