Објавено на:

Ла Лига ја „нокаутира“ Барселона: Судот му го поништи договорот на Гави

t

Барселона е во сериозни проблеми откако беше обвинета дека му давала пари на поранешниот член на судиската комисија на Ла Лига, Енрике Негреира, а сега каталонскиот гигант дозна уште една лоша вест.

Судот го поништи новиот договор кој Барселона го потпиша со талентираниот Гави и тој повеќе нема да биде фудбалер на првиот тим, односно може да продолжи со настапи за Каталонците, но според стариот договор.

Адвокатите на Барселона задоцниле со тужбата против Ла Лига и сега каталонскиот гигант ќе има проблеми со тоа како ќе ги оправда парите кои му биле исплатени на младиот фудбалер според новиот договор, кој повеќе не важи.

Шпанските медиуми пишуваат дека засега не е познато какви санкции би можела да добие Барселона, но се шпекулира дека би можеле да им бидат ограничени платите од страна на Ла Лига.

https://twitter.com/ReshadRahman_/status/1635287769185677312?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1635287769185677312%7Ctwgr%5E65b60feb8ec2ca868e119dedbe65a4312e5026e5%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Fla-liga-ja-nokautira-barselona-sudot-mu-go-ponishti-dogovorot-na-gavi

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се подтготвува формирањето на Бекташката држава во…

Подготовките за создавање на суверена држава на…

Македонија пред нов, екстремно топол бран

Од четврток (20 август) па сѐ до…

Иран најави договор со Оман за безбеден…

Иранскиот министер за надворешни работи, Сејед Абас…

Германците се сомневаат дека претседателката на Словенија…

Откако австриската новинска агенција АПА и словенечкиот…

Лондон: Стоиме зад Украина и продолжуваме да…

Велика Британија изјави дека стои зад Украина…